Џејмс Франко обвинет за сексуално вознемирување на свои студентки

Profimedia

Шармантниот 41-годишен актер Џејмс Франко е обвинет за сексуално вознемирување на свои студентки. Сара Титер- Каплан и Тони Гал, од неговата академија „Studio 4“, вчера покренале тужба против актерот во судот во Лос Анџелес.

Студентките го обвинуваат актерот дека ја злоупотребил својата слава и улогата на професор за да им се додворува на младите студентки и да ги принудува да се пријавуваат на аудиции кои се експлицитни и имаат доста недолични сцени.

Девојките тврдат дека Џејмс им вршел притисок да прават експлицитни сцени со оргии и им ветувал дека така полесно ќе најдат работа.  За да може да учествуваат на курсот, Франко барал од своите студенти да снимат видео запис и да ги препишат правата на академијата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by James Franco (@officialjamesfrancoo)

 

Откако Тони Гал се побунила поради ваквите „инструкции“, била отстранета од часовите, додека нејзината пријателка Титер-Каплан продолжила со часови и била избрана да глуми во неколку филмови од „Рабит Бандини филмс“ продукцијата на Франко, што подразбирало дека таа доброволно го прифаќа ваквото однесувањето на актерот.

Студентката Титер-Каплан, која присуствувала на курсот за секс сцена, тврди дека Франко ги отстранил пластичните „оклопи“ околу вагините на другите студенти и симулирал орален секс врз нив.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by James Franco (@officialjamesfrancoo)

Титер-Каплан претходно зборувала за оваа конкретна ситуација во написот за „Лос Анџелес тајмс“ за 2018 година, заедно со уште четири жени кои исто така споделија негативни искуства со Франко.
Двете студентки кои разговараа со „Лос Анџелес тајмс“ тврдат дека Франко бил „лут“ кога актерките на една од неговите снимки одбиле да бидат топлес за некоја сцена.

Во изјава за „Рафинерија29“, адвокатот на Франко, Мајкл Плонскер, ги негирал обвинувањата. Франко исто така ги отфрли обвинувањата, а и преку адвокатот најави дека нема да дозволи да биде вовлечен во лажен скандал. Тој вели дека ќе бара оштета за клевета.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот