Џегер му одговори на Макартни на тврдењата дека „Битлси“ се подобри од „Стонси“: Тоа е толку смешно!

Фото: Profimedia

Во неодамнешното интервју со радискиот водител Хауард Стерн, Пол Макартни се согласи со него дека „Битлси“ се подобар бенд од „Ролинг Стонс“, а сега Џегер одговори на овие тврдења.

– Нивната музика има корени во блузот. Ние (Битлси)  имавме многу повеќе различни влијанија. Постојат многу разлики,  јас ги сакам Стонси, но се согласувам со вас Битлси беа подобри “, рече Макартни.

Сега во интервјуто со Зејн Лав за „Apple Music“, на Мик Џегер доби можност да ја коментира оваа изјава на Пол.

– Тоа е толку смешно. Тој е една душа од човек. Сосема е јасно дека не сме конкуренција – рече Џегер смеејќи се, па продолжи.

– Да бидеме сериозни, големата разлика е во тоа што „Ролинг Стоунс“ е голем концертски бенд, кој со децении и настапуваше на места каде што Битлси никогаш дури и не гостуваа, како што е Медисон Сквер Гарден. Тие се откажаа пред да започнат вистинските турнеи – вели Џегер.

– Сериозните концерти почнаа од 1969 година, а Битлси тоа не го дочекаа. Тие беа одлични на стадионот „Shea“, тоа беше многу добар концерт на кој присуствував.  Но, Стонси продолжија, во 70-тите години започнавме да правиме свирки по стадионите и сè уште ги правиме. Тоа е навистина голема разлика помеѓу двата бенда. Едниот бенд, за среќа, сè уште свири на стадионите, а другиот не постои – заврши Џегер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот