Џафери до Апасиев: Ќе прифатам дека сум Че Гевара, ако вие се согласите да бидете Фидел Кастро!

Талат Џафери му реплицираше на пратеникот Димитар Апасиев, на коментарот дека за него тој е Че Гевара.

– Ќе прифатам дека сум Че Гевара, ако вие се согласите да бидете Фидел Кастро – му рече Џафери.

Апасиев претходно кажа дека за него Џафери е Че Гевара, зошто како што рече, од герила дошол директно на власт. Тој потенцираше и дека нема да гласа за негов избор за претседател на Собранието.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот