Дезинформациите и лажните вести најголема закана за Западен Балкан

Дезинформациите и лажните вести и како тие влијаат на довербата во институциите, се најголемиот проблем на државите од Западен Балкан, заклучија денеска говорниците на безбедносниот Вебинар на Маршал Центар, Алумни Асоцијација на кој воведни обраќања имаа претседателот на Стево Пендаровски, амбасадорите на САД и Германија, Кејт Мери Брнз и Анке Холштајн и шефот на Канцеларијата за врски на НАТО во Скопје полковник Зоран Јанковиќ.

Вебинарот, кој е спонзориран од алумни програмите на Центарот за безбедносни студии Џорџ Маршал, Гармишпартенкирхен, Здружението на алумни на Маршал Центарот во Северна Македонија, Секторот за јавна дипломатија на НАТО, оваа година е фокусиран на „Геополитичките проблеми во Западен Балкан среде кризата од вирусот Корона 19: Евро-атлантската перспектива”.

-На еднодневниот вебинар прераспределен на три главни тематски панели се дебатира на темите кои се „жешки костени” на национално, регионално и глобално ниво. Посебно внимание е посветено на импликациите од вклученоста на големите сили во регионот. Воедно, ова е напор да се даде светлина врз состојбата со кризата „Ковид -19″ во поширокиот регион на Западен Балкан и вон него, информираат организаторите.

Претседателот Пендаровски нагласи дека Република Северна Македонија успешно се справува со Корона кризата и со хибридните закани и дека очекува од новата влада да ги продолжи реформите особено во делот на владеење на правото, борбата со корупцијата и реформите во администрацијата.

Американската амбасадорка Брнз ја истакна поддршката на САД на реформските напори на нашата земја, додека пак германската амбасадорка Холштајн нагласи дека очекува наскоро да почнеме со преговорите за членство во ЕУ.

Шефот на Канцеларијата за врски на НАТО – Скопје, полковник Зоран Јанковиќ, ја истакна поддршката од НАТО Секторот за јавна дипломатија за Македонската алумни асоцијација. Воедно истакна дека НАТО секогаш ќе ја поддржат државата во справувањето со безбедносните закани.

Како клучни говорници на панелите покрај професорите од „Џорџ Маршал Центарот”, Метју Роудс, Валбона Зенели, Себастијан Фон Мунчоу, Бенџамин Никелс се и д-р. Александро Полити, директор на Фондацијата на НАТО Одбранбениот Колеџ од Рим, Моника Бегович, претседател на Атлантскиот совет на Хрватска, Мирослав Мизера, Алумни – од Република Словачка, Виктор Димовски, директор на Агенцијата за Национална безбедност на Република Северна Македонија и Васко Шутаров од Алумни од нашата држава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот