Девојчето од Ниш е пронајдено во Белград: Избегало од дома поради приемен испит

Од полицијата известиле дека девојчето било неповреден.

Тринаесетгодишното девојче Т.Б. од Ниш ноќеска е пронајдено во Белград, пренесува Telegraf.rs.

Според првичните сознанија, детето отишло да полага приемен испит за Математичкја гимназија, каде ја снимиле безбедносните камери. Според информациите на порталот, родителите биле против таа да оди во Белград.

Медиумите претходно пренесоа дека девојчето е пронајдено во Ухриновац, во автобус на линијата 603.

Тетката на девојчето ја потврдила информацијата за локалните медиуми.

– Гимназијата во Белград, математички смер и овозможува на напредните деца да се запишат во средно без да полагаат приемен испит, без разлика на тоа што тие не завршиле осмо одделение. Тамара е видена во Белград, ја снимиле додека била на приемен испит. Таа е пронајдена и конечно е заедно со родителите. Девојчето е добро. Ви благодарам за се – изјавила тетката на деојчето.

Од полицијата известиле дека девојчето било неповреден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот