Девет лица уапсени во полициска акција во Сараево: Осомничени за пренесување дрога од Холандија во БиХ

Денес полициски службеници на СИПА реализираа оперативна акција со кодно име „Блог“ во сараевскиот кантон при што уапсија девет лица поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „Организиран криминал“, во врска со кривичното дело „Неовластена трговија во наркотични дроги“.

За време на спроведувањето на оперативната акција, полициските службеници на СИПА извршија претрес на девет локации во сараевскиот кантон каде открија и привремено одзедоа предмети што ќе послужат како доказ во понатамошната кривична постапка, пренесува Српскаинфо.

Имено, постојат основи на сомнение дека уапсените лица набавувале наркотична дрога кокаин, хероин и амфетамин во Холандија од мај 2020 година, по што ја пренесувале во Босна и Херцеговина, каде ја препродавале.

За време на повеќемесечна истрага и вештачење на привремено запленета дрога во рамките на оваа оперативна акција, полициските службеници на СИПА открија и привремено запленија 1.104,79 грама кокаин, 7.470,02 грама хероин и осум литри масло од амфетамин користени како основна база за производство на спид.

Осомничените се однесени во просториите на СИПА и се води кривична постапка, по што во законскиот рок ќе бидат предадени на Обвинителството на БиХ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот