Дете од Куманово рането од заскитан куршум

куманово болница
Болница во Куманово / Фото: Архива на Слободен печат

14-годишно дете од Куманово вчера било рането од заскитан куршум, соопшти МВР.

„На 23.05.2023 во 14.22 часот во СВР Куманово, од Општата болница Куманово било пријавено дека кај нив бил донесен малолетник на возраст од 14 години од Куманово со повреда во пределот на левата нога од заталкан куршум“, се вели во полициското соопштение.

Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ВИДЕО: Пукањето во воздух е многу опасно, полицијата апелира граѓаните да слават без пушки и пиштоли

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот