Дете обвинето за богохулење – се помокрило на килим во медреса

Фото: Принтскрин

Осумгодишно момче од Пакистан е притворено откако било обвинето за богохулење, пренесува Гардијан.

Момчето, кое е најмладото лице притворено поради богохулење во таа земја, минатиот месец беше обвинето откако намерно се помокрило на килим во медреса, во библиотеката каде се чувале верски книги.

Откако веста се рашири на социјалните мрежи, а детето претходно беше ослободено од полицискиот притвор, во Пакистан проследоа протести на муслиманите на хиндуистичкиот храм во Пенџаб.

По големите протести, момчето е под полициска заштита, а неговото семејство и роднините ги напуштија своите домови, како и многу локални хиндуисти, поради немирите и нападите кои биле извршени.
Обвиненијата за богохулење се казнуваат строго во Пакистан, а за навреда на исламот може да се предвиди смртна казна.

Иако во државата никогаш не бил одземен живот поради вакво обвинение, нападите од толпите на народ кои биле повредени од богохулењето може да бидат поопасни од било кои напади на полицијата или судството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот