Детали за скандалот: Познато зошто Ето го нападна човекот кој го снимаше

Фото: Screenshot_

Камерунската легенда и актуелен претседател на Фудбалскиот сојуз на Камерун, Самуел Ето се најде во центарот на вниманието откро утрово нападна човек кој го снимаше со камера.

Сега излегоа детали за инцидентот и познато е зошто Ето го нападнал навивачот. Станувало збор за Алжирец, а Ето го нападнал откако му поставил прашање за судијата Бакари Гасам.

Ова прашање го налутило Ето затоа што го сметал за провокација. Инаку, претходно медиумите пишуваа за афера во која наводно Ето му понудил поткуп на споменатиот судија. Во некои медиуми се најавуваше и дека Камерун може да биде исклучен од Мундијалот, сепак тоа не се случи.

„Бев нападнат затоа што го прашав за судијата Гасам. Прво ми одговори дека сум премногу глупав за да разговара со мене. Тоа што е славен не му дозволува да се однесува на ваков начин“, изјави Алжирецот.

Камерун ќе потсетиме Мундијалот го заврши во групната фаза, иако го победија Бразил во последното коло завршија како третопласирани зад Бразил и Швајцарија, а пред Србија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот