Фото: EPA-EFE/JARNO KUUSINEN

Десничарот Александар Стуб победи на претседателските избори во Финска

Александар Стуб е нов претседател на Финска откако победи во вториот круг од претседателските избори.

Тој беше прогласен за победник откако во вториот круг доби 51,6 отсто од гласовите, откако беа преброени 99,7 отсто. Хаависто освои 48,4 отсто.

„Единственото нешто за што можам да мислам сега е благодарноста. Ова е голема победа за демократијата во Финска“, изјави Стуб по прогласувањето на победата.

Стуб е проевропски политичар, голем поддржувач на Украина и со цврст став кон Русија. Стуб и Хаависто влегоа во вториот круг од претседателските избори во Финска, откако ниту еден кандидат не обезбеди доволно гласови во првиот круг пред две недели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот