Десетмина отруени на свадба во Струга

Струга/ Фото: МИА
Гости кои синоќа биле на свадба во ресторан, во струшкиот регион, побарале медицинска помош. Причината, неофицијално, била тортата што била купена од друго место, а потоа донесена на свадбата.
Од болницата во Струга велат дека примиле 10 пациенти, иако според извори на Алсат оваа бројка била поголема. Според директорот на болницата, Мухамет Асани, пациентите биле примени со симптоми на дијареа и повраќање. По лекарски преглед, пациентите биле пуштени на домашно лекување.
-Нема пациенти кои се хоспитализиран во нашите одделенија. Ниту еден од примените пациентите не бил хоспитализиран, бидејќи не биле во тешка состојба и по медицинската интервенција биле пуштени дома – објаснил Мухамет Асани, директор на Болницата во Струга.
Од Регионалниот центар за јавно здравје во Охрид, за Алсат информираа дека како институција, ако добијат повици од Агенцијата за храна и ветеринарство, тогаш ќе земаат примероци од храната.
Од Секторот за внатрешни работи во Охрид, информираа дека до овој момент до нив не е пријавен ниту еден таков случај. Од истиот медиум се обиделе да добијат одговор и од Агенцијата за храна и ветеринарство, но обидите биле неуспешни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот