Десет години од смртта на Петар Милошевски

Фото: ФФМ

Пред десет години на денешен ден, Македонија остана без едно од своите најголеми фудбалски имиња. Во сообраќајна несреќа во близина на Куманово животот го загуби нашата голманска легенда, Петар Милошевски.

Во својата кариера во Македонија, Милошевски бранеше за Пелистер и Вардар, додека подоцна го носеше дресот на: Трабзонспор, Малатијаспор, Себатаспор и Енозис. Стандардно го чуваше голот и на македонската репрезентација за која собра 59 настапи. Вкупно во кариерата одигра над 500 натпревари.

И по завршувашњето на кариерата, Милошевски остана да биде дел од македонскиот фудбал и работеше како спортски директор во репрезентацијата.

Денес теренинг-центарот на ФФМ во Скопје го носи неговото име, а од неодамна и стадионот во Битола каде што ги направи првите фудбалски чекори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот