Дерала добитник на наградата „Солидарност за новинари“ на германската „Асоцијација за Југоисточна Европа“

Џабир Дерала, претседател на Цивил/ Фото: "Слободен печат"/Драган Митрески

Џабир Дерала, главен и одговорен уредник на Цивил Медиа и основач и претседател на ЦИВИЛ – Центар за слобода е организација за човекови права и слободи, е добитник на наградата „Солидарност за новинари“, што ја доделува германската „Асоцијација за Југоисточна Европа“ (Südosteuropa-Gesellschaft e.V.), поддржана од Министерството за надворешни работи на СР Германија.

Наградата што ја доделаува оваа организација за поддршка на политичката, научната и социо-културната размена со на Германија со земјите Југоисточна Европа, им им оддава почит на храбрите новинари од нашите партнерски земји кои се изложуваат на високи лични ризици за критичко известување, се вели во соопштението на „Асоцијацијата за Југоситочна Европа“ (Südosteuropa-Gesellschaft e.V.).

Во соопштението се наведува дека со оваа награда им се оддава признание извонредна работа на наградените и за нивниот придонес за поголема демократија, владеење на правото и слобода на печатот во регионот.

Наградата на Дерала ќе му биде врачена на 4 јули 2024 година, во германскиот Бундестаг во Берлин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот