ДЕПОНИЈА КАЈ ПЕШАЧКИОТ МОСТ НА ВАРДАР ВО ЗЛОКУЌАНИ: Надлежните не можеле да видат кој фрла ѓубре

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Максимално дозволената концентрација на ПМ10 честички, пропишана на 50 микрограми на метар кубен воздух, денеска не е надмината никаде. Во 8 часот во Центар, според мерните станици, опасните ПМ10 честички изнесувале 25 микрограми на метар кубен, кај Ректорат 26, а под дозволената граница се и на останатите локации во Скопје.

И покрај денешната можност да дишеме чист воздух, кој пред се е благодарение на временските прилики, лошите навики на скопјани за фрлање смет каде ќе се стигне не се менуваат. Екипата на „Слободен печат“ денеска ја посети депонијата во општина Карпош, која се наоѓа кај печашкиот мост на Вардар во Злокуќани. Делумно изгорени делови од стара облека и обувки сведочеа за палењето на дивите депонии, кои во голема мера се виновни за загадениот воздух кој го дишеме.

Од општината потврдуваат дека најзагадените места од каде што е пријавено загадување или палење на отворено, е ромската населба во околината на Злокуќани и Бардовци, меѓутоа казнети сторители нема бидејќи, како што велат, „сторителите тоа го прават во моменти кога се сигурни дека никој нема да ги забележи“.

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

„Општината одамна има дежурна телефонска линија (078 257 640) за пријави на случаи на палење на отворено.Оваа телефонска линија функционира и за време на викендите, а со останатите општини кои имаат отворено дежурни служби, соработуваат и заедно ги лоцираат точките кои се критични во моментот кога е забележано или пријавено“, велат од општина Карпош.

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Сепак, искуството покажува дека отворената телефонска линија за пријавување палење на отворено дава незабележителен резултат во борбата против создавање на нови депонии. На најубавите места во Скопје, покрај реки, на излетнички места и на планини се создаваат најголемите депонии. Чуварска стража, рампи кои го ограничуваат движењето, надзорни камери се само дел од нашите предлози до надлежните, во обид да запре неразумното и неконтролирано загадување на Скопје и на целата држава.

Група невладини вчера испратија отворено писмо до претседателот Стево Пендаровски и до премиерот Зоран Заев, во кое бараат припадници на армијата и полицијата да се вклучат во заштита на здравјето и животната средина, при спречување на пожарите во шумите и депониите.

Мрши од умрени животни и долна облека расфрлени низ Скопје (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот