Денис Вилнев најавува трет „Dune“ филм

Денис Вилнев

Најголемиот дел од актерската екипа на првиот филм се очекува да се врати и во вториот, заедно со ликови како императорот Шадам IV и Фејд-Раута Харконен, помладиот внук на Барон Харконен, на кои допрва треба да им се даде улога.

„Варнер Брос“ и „Леџендари“ официјално го потврдија второто продолжение на филмот „Dune“ кој во моментов се уште се прикажува во кино салите низ светот. Но, неодамна, режисерот Денис Вилнев најави и трет филм од франшизата што ќе го покрие остатокот од првата книга, а се очекува да ја има својата премиера на 20 октомври 2023 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DUNE (@dunemovie)

Во интервју за „Ентертејнмент Викли“, Вилнев откри дека отсекогаш замислувал три филма.

– Не е дека сакам да правам франшиза, но ова е „Dune“, а „Dune“ е огромна приказна. За да ѝ се оддаде почит како што заслужува, потребни се најмалку три филма. Тоа би бил сонот. Би било убаво да го Пол Атреидс и и неговата целосна приказна. – вели 54-годишниот режисер, споделувајќи го своето видување во однос на тоа како треба да продолжи играната адаптација на серијата научнофантастични книги на Френк Херберт.

– Херберт напиша шест книги и колку повеќе пишуваше, толку попсиходелична стануваше приказнат. Не знам како некои од нив би можеле да се адаптираат. Ќе видиме со текот на време. Ако некогаш добијам шанса да го направам и „Dune Messiah“, ќе бидам благословен. – додава тој.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gabriel Braga (@gabmaiabraga)

Што да очекуваме во „Dune: дел два“?

Првиот дел од филмот, во кој се појавуваат Тимоти Шаламе, Зендаја и Ребека Фергусон во главните улоги, ја прикажува првата половина од истоимената култна класика на Херберт од 1965 година. Втората половина пак, се фокусира на Пол и неговото време поминато со Фремен на Аракис, како и реализирањето на неговите визии кои беа прикажани текот на првиот филм. На крајот, Пол како „Квисатц Хадерах“ ќе ја предводи борбата за сврти на планетата против куќата Харконен и императорот.

Најголемиот дел од актерската екипа на првиот филм се очекува да се врати и во вториот, заедно со ликови како императорот Шадам IV и Фејд-Раута Харконен, помладиот внук на Барон Харконен, на кои допрва треба да им се даде улога.

„Dune“ премиерно се појави во кината ширум светот на 22 октомври и заработи 40,1 милиони долари од продажба на билети во првиот викенд во Северна Америка, што го прави ова најдоброто домашно отворање за кое било од хибридните изданија на „Варнер Брос“ досега, што се смета за особено голем успех земајќи предвид дека филмот беше објавен истовремено и на ХБО Макс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот