Општина Гази Баба, Фото: Архива

Денеска приемен ден за граѓаните кај градоначалникот на Гази Баба

Жителите на општина Гази Баба, денеска во периодот од 14 до 17 часот ќе можат да поразговараат за проблемите во секојдневното функционирање на средба со градоначалникот Бобан Стефковски и претставници од секторите на општинската администрација и од ЈКП „Гази Баба“.

Сите оние граѓани кои изминатиот период имаа побарано прием се повикани, но ги поканувам сите граѓани кои имаат потреба да ја искористат можноста и да дојдат во општината во наведениот временски период и ќе имаат средба со мене и претставници на администрацијата, информираше Стефковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот