Денеска почнува продажбата на билети за 27-та „Златна бубамара на популарноста“

Фото: Промо

Денеска, точно на пладне, ќе бидат пуштени во продажба билетите за најновото издание на „Златна бубамара на популарноста“, убедливо најпопуларната манифестација кај нас, која оваа година ќе се одржи на 22 февруари во арената „Борис Трајковски“.

Под мотото „Кој чека ќе дочека“, омилената манифестација ќе направи сѐ што ветила во рамки на својот 27-ми мандат – сатирично ќе ја раскаже изминатата година и ќе ги донесе на иста сцена најпознатите уметници од Македонија и регионот.

Билетите ќе бидат пуштени во он-лајн продажба од 12 часот преку сервисите на „karti.com.mk„ и „МКТickets.mk“ или во цвеќарницата „Розе Веро 2“.

Во време кога нема никаков ред – редно е да имаме ред и седиште на 27-та Златна бубамара на популарноста. Влезот ќе биде дозволен и за посетители со стари лични карти и пасоши, за кои ќе има организирано колективно фотографирање, делење образци и потписи.

Од организацијата на „Златната Бубамара“ најавуваат незаборавен спектакл од 3 часа. Да се чекираме на бубамарскиот лет број 27. Набавете си на време карта за убаво расположение.

Комерцијален текст

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот