Денес: Изложба на фотографии на Филип Лафазановски

Отварањето на изложба ќе биде на 24.09.2019 (вторник) во 20 часот, во „Рудиќ Галерија“, на булевар. АВНОЈ 74, во Скопје.

„Рудиќ Галерија“, како изложбено место за фотографија, промовира нови млади и талентирани македонски фотографи. Таков е и младиот и перспективен македонски автор Филип Лафазановски кој ќе се претстави со самостојна изложба.

Филип Лафазановски е роден во Скопје на 14 јануари 2000 година. Своето средно образование го завршил во гимназија „Никола Карев“. Моментално посетува додипломски студии на универзитетот за аудиовизуелни уметности „ЕСРА“ во Скопје, насока – Филм и дигитални медиуми. Со фотографија се занимава 5 години. Неговиот фотографски интерес е насочен кон секојдневни ситуации и моменти на обичниот човек во урбана средина, впечатливо нагласувајќи го стилот на таканаречената „улична фотографија“. Во фотографиите најчесто е прикажан односот помеѓу човекот и архитектурата, создавајќи композиција на современиот градски живот.

Живее и студира во Скопје. Добитник е на повеќе награди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот