Дембеле и официјално во Атлетико Мадрид со крајот на сезоната

epa08250805 Moussa Dembele of Olympique Lyon (L) and Matthijs de Ligt of Juventus FC (R) in action during the UEFA Champions League round of 16 first leg soccer match between Olympique Lyon and Juventus FC in Lyon, France, 26 February 2020. EPA-EFE/YOAN VALAT

Фудбалерот на Олимпик Лион, Муса Дембеле, сезоната ќе ја доигра во Атлетико Мадрид.

Лидерот во Ла Лига, Атлетико Мадрид, експресно реагираше го заминувањето на Диего Коста и донесе нов напаѓач до крајот на сезоната, тоа е Муса Дембеле кој доаѓа од Олимпик Лион.

„Атлетико Мадрид и Олимпик Лион постигнаа договор за позајмица до крајот на сезоната. Дембеле ги помина медицинските прегледи пред да стане нов играч на шпанскиот тим“, стои во соопштението.


Атлетико Мадрид има можност на крајот од сезоната да го откупи договорот на Дембеле со францускиот тим за сума од 33 милиони евра. Французинот професионалната кариера ја започна во Фулам, а играше и за Селтик пред да пристигне во Олимпик Лион во 2018 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот