Делови од сателит на НАСА утре може да паднат на Земјата

Илустрација: Сателит / Фото: Профимедиа

Делови од сателит на Американската вселенска агенција (НАСА), стар 38 години, викендот ќе падне на Земјата, соопшти НАСА.

Поголемиот број делови од сателитот тежок 2.440 килограми ќе согорат во атмосферата, но се претпоставува дека некои делови сепак ќе паднат на Земјата.

Според НАСА, веројатноста некој да биде повреден при пад на деловите од сателитот се „еден на 9.400″.

Според „Аероспејс” делови од сателитот ќе паднат утре долж линијата што минува низ Африка, Азија, Блиски Исток и најзападните области на Северна и Јужна Америка.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот