„Делије“ огорчени по доаѓањето на Радуљица во Црвена звезда: Сега и никогаш повеќе

EPA-EFE/KIMMO BRANDT

Навивачката група на Црвена звезда не е задоволна што некогашниот играч на Партизан е во црвено-бело. Слична ситуација да не се повтори, категорични се

Навивачката група „Делије север“ се огласи по доаѓањето на Мирослав Радуљица во КК Црвена звезда. Проблем е тоа што Радуљица настапувал за КК Партизан.

Оваа навивачка група е потполно против доаѓање во Звезда на фудбалери кои претходно играле за сениорскиот тим на Патизан, а за другите спортови е потолерантна во вакви случаи.

Но доаѓањето на Радуљица изгледа им го заостри критериумот и во кошарката.

– Имавме разговор со управата на клубот и се договоривме дека нема да направиме проблем со доаѓањето на Радуљица, но побаравме правилото од фудбалот да стане правило и за кошарката. Склучен е договор и во иднина нема да се носат во нашиот клуб играчи кои настапувале за сениорскиот тим на Партизан (ова се однесува на домашните играчи кои можат да го разберат нашето ривалство. А за потенцијалните странци ќе разгледуваме од случај до случај) – се вели во дел од соопштението на „Делије“.

Инаку Радуљица потекнува од ФМП, а во Партизан мина само една сезона (2011-2012). Проблемот е можеби тоа што центарот во 2011 година даде зајадлива изјава за Звезда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот