Делиција од три состојки: Прекрасни полнети урми

Полнети урми/фејсбук
Полнети урми/фејсбук

Кога сте во потрага по нешто слатко, а сакате да си приредите гозба за непцето, ви препорачуваме еден несекојдневен, брз и многу вкусен рецепт за полнети урми.

Потребно ви е:

  • 10 урми исчистени од семки
  • 5 лажички путер од кикирики
  • 50 гр црна чоколада.
Полнети урми/фејсбук
Полнети урми/фејсбук

Подготовка:

Урмите исчистени од семки засечете ги како да им правите џепче. Во длабок сад на пареа стопете ги путерот од кикирики со чоколадата, да стане смесата како крем. Секоја урма наполнете ја обилно со смесата и оставете ја на чинија да се олади. Вака полнетите урми можете да ги дополните и со јатки, а чувајте ги во фрижидер до послужување.

Нема побрзо, а повкусно. Уживајте!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот