Дел од „Политика“ се продава на сопственикот на „Новости“ за 8 милиони евра

Фото: Н1

Бизнисменот и сопственик на „Фармаком“, Мирослав Богичевиќ, сепак постигнал договор со сопственикот на „Новости“, Бобан Рајиќ, за продажба на својот удел во компанијата „Политика весници и магазини“. За нешто повеќе од осум милиони евра ја продава руската компанија „Ист медиа груп“, која има удел од 50 отсто од капиталот во „Политика весници и магазини“. Се очекува договорот да биде потпишан по празниците, објави „Нова“.

Иако бизнисменот Мирослав Богиќевиќ, во изјава за „Нова“, вели дека работата во врска со продажбата сѐ уште не е завршена, дека сопствениците на „Новости“ сѐ уште не се јавиле, а има и неколку други заинтересирани, дури и од странство, неофицијално е потврдено дека е постигнат договор и тоа токму со сопственикот на „Новости“, Бобан Рајиќ.

– Во суштина сѐ е договорено, се „пеглаат“ деталите. Постигнат е договор и треба да се спроведе. Се знае што се продава и што се купува, за колку, и се знае кои се роковите… Сето тоа треба да се стави на хартија и да се потпише договор. Дури кога тоа ќе се заврши, може да се каже дека работата е завршена, наведува изворот на „Нова“.

Договорот очекувано треба да биде потпишан по празниците, најдоцна до крајот на јануари следната година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот