Дел од колевката на Исус Христос се враќа во Витлеем

Фото: Википедиа

Парчето дрво за кое се верува дека е дел од колевката на Исус Христос ќе биде вратено во Витлеем, откако повеќе векови се чува во Европа.

Папата Франциск нареди дека ова парче дрво со историска вредност да биде пренесено од римската базилика Света Марија во родниот град на Исус како подарок.

Реликвијата, која се чува во Рим уште од седмиот век, краток период е изложена во Ерусалим, пред да го продолжи патот за Витлеем, за таму да биде за време на прославата на Божиќните празници, пренесува Би-Би-Си.

Малиот дел од колевката на Исус заврши во Рим откако ерусалимскиот патријарх Свети Софроние му го поклонил на тогашниот папа Теодор Први.

Оттогаш, оваа реликвија е изложена во базиликата Света Марија, каде голем број на верници доѓааат за да ја видат и да ѝ се поклонат.

Оваа одлука на папата, според пишувањата на медиумите, е широко поздравена во христијанскиот свет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот