Дел Боске одржа предавање во ФОН Универзитетот

фото: АМС

Поранешниот селектор на шпанската фудбалска репрезентација и тренер на Реал Мадрид, Висенте Дел Боске, како гостин на Агенцијата за млади и спорт и ФОН Универзитет.

Дел Боске зборуваше за своите лични искуства, делеше совети и препораки на фудбалските стручни лица, тренери, спортисти и спортски работници од државава.

Тој во својот говор ја откри неговата животна приказна, тајните на неговата кариера, како и клучните правила кон успехот во фудбалот и спортот воопшто, заедништвото.

– Квалитетот на Шпанија никогаш не бил спорен, сме имале врвни фудбалски имиња, меѓутоа не е нималку лесно да се направи тој победнички спој во соблекувалната. Знаете дека ние секогаш сме имале проблеми на релација Мадрид – Барселона, но јас секогаш се водев од принципот на почитување и респект, а тоа заедништво ни ги донесе и успесите. Репрезентацијата е слика на државата и сите треба да бидат обединети во тие моменти – рече Дел Боске.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот