Дел Боске: Јас никогаш не би го ангажирал Нејмар!
Прославениот фудбалски стратег Дел Боске рече дека за шпанската „Ла Лига“ би било добро да се врати Нејмар во редовите на Барселона.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Но, има и други причини поради кои смета дека не би била добра идејата Бразилецот направи кам бек во најсилната шпанска фудбалска лига.
– За шпанскиот фудбал и лигата веројатно би било добро Нејмар да се врати, но доколку јас би бил дел од клубот, никогаш не би го ангажирал. Тој е одличен играч, но не го сакам од неколку причини. Додека беше во Барселона се однесуваше воглавно регуларно. Понекогаш лошо, понекогаш многу лошо. Кога сега би се направило анкета помеѓу луѓето во Барселона, сигурно дека 50% повеќе од нив би биле против негово враќање. Тоа нешто говори – рече Дел Боске, а пренесува шпанската „Марка“.
Говореше и за почетокот на сезоната во најсилното шпанско фудбалско првенство:
– Одиграни се само три кола, Атлетико е единствениот со максимален број на поени, без оглед на големите пролеми во тимот ова лето. Реал моментно е во фаза на обнова, и натаму има многу прашања, особено кога се работи за силата на екипата. Барса се мачи без Суарез и Меси, но ќе се опорави кога тие ќе се вратат, баш како и Реал со Азар – додаде Дел Боске.


