Декорирање на велигденски јајца со лак за нокти, лесно и многу ефектно (ВИДЕО)

фејсбук

Барате нов начин на декорирање на велигденските јајца? Имаме предлог за вас.

Секоја година испробуваме различни начини на декорирање на велигденските јајца за да добиеме што поубави, па мора да признаеме дека новите идеи ни се добредојдени.

Овојпат станува збор за украсување на јајца со помош на лакови за нокти во различни бои по желба.

Во чаша вода треба да се стават неколку капки од лакот (или од повеќе лакови) и да се измешаат со стапче. Потоа, во чашата полека се става јајцето до половина, а кога ќе го извадите ќе добиете супер резултат – неверојатни шари кои ќе ве потсетат на моментно популарниот стил од 70-те години.

Повторете ја постапката и со другата страна од половината на јацето.

Видеото ве води чекор по чекор во постапката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот