Фото: ГРК Охрид

Дејан Кукуловски е нов ракометар на Металопластика Шабац

Македонскиот ракометар Дејан Кулуловски официјално од следната натпреварувачка сезона ќе ги брани боите на српскиот клуб и поранешен европски шампион Металопластика Шабац.

Кукуловски (27), кој неодамна беше на поширокиот список на селекторот Кирил Лазаров за мундијалскиот бараж против Словачка, досега го носеше дресот на ГРК Охрид со кој успеа годинава да го освои трофејот во ЕХФ Европскиот куп.

Левиот бек, кој ќе донесе острина во нападот и цврстина во одбраната, порасна во редовите на скопски Вардар, со кого искуси играње во ЕХФ Лигата на шампионите и турнирот „ИХФ Супер Глоуб“. После тоа, тој доби целосна афирмација во дресот на Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2, каде што беше редовен учесник во СЕХА лигата и Европската лига на ЕХФ.

Неговиот квалитет беше особено евидентен за време на меѓународната епизода во Чешка, каде што, играјќи за СККП Хандбал Брно, беше најефикасниот стрелец на тимот во европските натпреварувања.

Управата и тренерскиот штаб на Металопластика веруваат дека Кукуловски брзо ќе се вклопи во системот на клубот и ќе стане еден од милениците на верната публика во Шабац во салата „Зорка“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот