Дедо од Кина си ја киднапирал внуката, од ќерка му бара откуп за да продолжи да се коцка

Архива

Маж од Шангај е осуден на затвор поради киднапирање на сопствената внука за да може да ја одржи зависноста од коцкање со парите од откуп, пишува „Инсајдер“.

Киднапирањето – оркестрирано од 65-годишен маж идентификуван само со неговото презиме Јуан – првпат беше пријавен од медиумиот „Шангајски закон и правила“. Правниот медиум не прецизираше кога се случил инцидентот, но на 18 април напиша дека Јуан штотуку почнал да ја отслужува затворската казна.

Јуан го започнал својот план со тоа што ја земал својата четиригодишна внука од нејзината градинка и ја извел да јаде и да пазарува без знаење на нејзината мајка, објави кинескиот медиум.

Мајката на девојчето потоа пристигнала во училиштето и сфатила дека нејзината ќерка ја нема. Таа добила порака од Јуан во која тој барал 72.000 долари, пишува Журнал.

„Извади 500.000 јуани за три дена, или никогаш повеќе нема да ја видиш твојата сакана ќерка!“ Јуан и напишал на својата ќерка, според весникот.

Таа му се јавила на Јуан за да го убеди да се откаже од заговорот, но не успеала да го предомисли, објави медиумот.

Јуан бил уапсен таа вечер откако неговата ќерка го пријавила во полиција, а тој бил обвинет за изнуда и испратен во затворот Синшоу, во Шангај, пишува весникот.

Тој се бунел против обвиненијата пред судот, велејќи дека киднапирањето треба да се смета за семеен спор, а не за кривично дело, пишува кинескиот медиум. Кинеските судови можат да назначат некои кривични дела во семејствата – вклучително и семејното насилство – како семејни работи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот