Дечкото на Данијела Мартиновиќ: Јас ѝ напишав песна, таа одби да ја испее

Фото: Инстаграм/Барбара Репе/Горан Чижмешија

Хрватската пејачка Данијела Мартиновиќ е во хармонична љубовна врска со поранешниот криминален инспектор Јосип Плавиќ.

Интересно е дека музиката е нивна заедничка љубов. По 16-годишна пауза, поранешниот инспектор повторно се обедини со неговиот средношколски бенд „Изван закана“ и тие го најавија новиот студиски албум со песната „На киши плешем“.

Инаку, оваа песна ја напишал самиот Плавиќ и, првично, била наменета за неговата сакана. Во изјава за хрватскиот медиум „24 сата“, тој откри зошто Мартиновиќ одбила да ја испее.

„Ѝ ја пуштив песната на Данијела додека сѐ уште беше во демо верзија. Во тој момент, мене ми делуваше совршена за женски вокал бидејќи никогаш не сум компонирал, ниту сум пеел балади. Откако ја преслуша неколку пати, таа ми рече: ‘Оваа песна е различна и, некако, твоја. Мислам дека треба да ја снимиш со твојата група’. Не мораше многу да ме убедува“, изјави тој.

Фото: Инстаграм/Барбара Репе/Горан Чижмешија

Со исклучок на оваа балада, останатите песни на албумот жанровски ѝ припаѓаат на рок музиката. Како што сподели Плавиќ, тие многу ѝ се допаднале на пејачката.

„Можеби нема да верувате, но Данијела е вистински рокер во душата“, рече тој.

Да потсетиме, Данијела Мартиновиќ и Јосип Плавиќ се запознале кога пејачката доживеала лошо искуство со кражба на идентитет преку интернет, кое во полиција го пријавил нејзиниот адвокат. Сѐ започнало со еден телефонски повик, што очигледно морал да се случи и ја споил со криминалниот инспектор, кој брзо го разрешил случајот со колегите.

Откако се запознале, поминале многу време разговарајќи, откриле дека споделуваат исти вредности, погледи за животот и светот околу нив.

Петар Грашо е минато: Даниела Мартиновиќ има ново момче

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот