Дебели казни за издавачите на брзи кредити, зашто давале пари на луѓе онлајн без да им го проверат идентитетот

нов закон за брзите кредити

Финансиско друштво издавало кредити онлајн од 90 илјади денари, на луѓе што прикажувале туѓи лични податоци и внесувале лажни телефонски броеви претставувајќи се со идентитет кој не бил нивен. Затоа, Агенцијата за заштита на личните податоци го казни со парична казна финансиското друштво за издавање брзи кредити, со  653.160,78 денари и 55.347 денари за одговорното лице. Прекршокот се однесува на Законот за заштита на личните податоци.

Според Агенцијата за заштита на личните податоци, Финансиското друштво спротивно на законот, без претходно обезбедена согласност за обработка на личните податоци при аплицирање за кредит обработувал лични податоци за три физички лица без да докаже дека тие дале согласност за обработка на нивните лични податоци.

Од страна на Агенцијата за заштита на личните податоци, изречена е глоба и на друштво за угостителство, туризам и трговија заради задржување на лични карти на гостите и попречување во вршење на вонредна супервизија односно контрола во објектот.

Агенцијата за заштита на личните податоци изрече глоба во износ од 380.109,72 денари за сторен прекршок на друштво за угостителство, туризам и трговија и глоба во износ од 21.522 денари за одговорното лице, затоа што спротивно на законот, друштвото задржувало и чувало лични карти на гостите по нивно евидентирање во книгата за гости се до нивното заминување.

Според пријавата, на гостите им било барано да ја платат сметката за престојот, за да си ја добијат назад личната карта.

Угостителскиот објект попречувал да се направи супервизијата на Агенцијата за заштита на личните податоци, за што е казнет со 190 илјади денари, а одговорното лице со 18 илјади денари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот