Деари и Стоилковска се пласираа на главните турнири во Нови Сад и Вејле

фото: mtftennis.mk

Македонскиот тенисер Шендрит Деари успеа да се пласира на главниот турнир на фјучрсот во Нови Сад, Србија, што се игра за награден фонд од 15.000 долари. Деари во последното трето коло од квалификациите го победи Захарије Зак Талиќ од Австралија со 2:0 во сетови 7:5 и 6:0.

Во првите две кола од квалификациите Деари ги победи српските тенисери Никола Јовановиќ со 2:0 (6:4, 6:2) и Милан Дриниќ со 2:1 (4:6, 7:5, 10:4).

Во првото коло на главниот турнир противник на Деари ќе му биде Виктор Јовиќ од Србија (21 год. 820 место АТП).

Македонската тенисерка Магдалена Стоилковска се пласира на главниот турнир во данскиот град Вејле откако успешно ги мина двете квалификациски кола. Таа во првото квалификациско коло ја победи Ема Кампер Малмкјаер од Данска по голема борба со 2:1 во сетови 6:2, 5:7, 10:8 на поени.

За влез во главниот турнир Стоилковска денеска ја победи Изабеле Персон од Шведска со 2:0 (6:2, 6:2). Во првото коло на турнирот Стоилковска за ривалка ја има младата 18-годишната тенисерка од Данска Сарафина Оливија Хансен, која е без ранг на ВТА листата.

Инаку, турнирот во Вејле се игра за награден фонд од 15.000 долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот