Давидовиќ: Обвинението против Мијалков нема ниту правна, ниту човечка логика

Ѕвонко Давидовиќ
Фото: МИА

Прво, треба да прашате врз што се темели обвинението затоа што перење на пари е последица на едно друго кривично дело кое мора да му претходи, а Обвинителството ниту го утврдило, ниту го предлага, па зборувам за мојот клиент, за Сашо Мијалков, не може ни да ја докаже неговата умисла и знаењето дека некој друг незаконито зел пари од партија па му помогнал на тој начин што му предложил офшор компании, изјави денеска адвокатот Ѕвонко Давидовиќ во врска со случајот „Плацови на Водно“.

Според Давидовиќ, онака како што напишано обвинението, воопшто не соодветствува на законското битие на кривичното дело „перење на пари”.

– Особено што и покрај правната логика нема ни човечка логика во обвинението, пак кажувам за мојот клиент, затоа што на еден министер за финансии, на премиер 10 години навистина не му е потребен никој кој ќе му обезбеди офшор компанија, а обвинителката сама во воведниот збор си скока во уста па вика веќе знаеле имало офшор компании каде што дел од капиталот го вложувал. Така што обвинението е буквално исконструирано по однос на мојот клиент, кажа тој.

Дополни дека ако Обвинителството си дозволило, и тоа, според него е начин на работење кое Обвинителството го има со години, да не ги обезбеди доказите на одбраната и да не ги даде и да ескивира, е нешто што законот го предвидува.

– Ние принципиелно кога веќе не сме ги слушнале сведоците и не сме имале можност да поставиме прашања треба да ги добиеме доказите кои се по меѓународна правна помош. Никој не знае што има во тие докази. Коректно е и ние согласно законот да бидеме запознати, посочи адвокатот.

Ние не сме должни да докажуваме невиност, заклучи Давидовиќ, но, како што изјави, во овој случај ќе докажуваат дека она што го тврди Обвинителството е според него, прво апсурдно, второ, нема ни законски елементи на битието на кривичното дело, ниту елементи на вина, а нема ни правна ни човечка логика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот