Давидовиќ: Обвинител да заврши во притвор е скандалозно

Скандалозно е обвинител да заврши во затвор, оцени адвокатот Звонко Давидовиќ, во вечерашната дебата на „Само вистина“ на „Канал 5“ Телевизија. Според него, доколку воопшто постои обид во делото „Рекет“ нешто да се скрие, смета дека тоа би било невозможно и порано или подоцна ќе излезе на виделина, а за текот на судењето коментира дека се одвива онака како што е покренато обвинението.

-Македонското судство нема капацитет да води големи предмети- тврди адвокатот Ванчо Шехтански, во емисијата „Само вистина“.

Шехтански додава, дека ниту едно големо дело кај нас немало завршница.

Адвокатот Звонко Давидовиќ вели дека нема ниту општествена, ниту политичка волја за решавање на проблемите во правосудството и за него е симптоматично што сè уште партиите решаваат кој да стане судија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот