Давид Тошевски стрелец на дебито во дресот на Шибеник

Фото: HNK Šibenik/FB

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Давид Тошевски го постигна својот прв гол во дресот на хрватскиот Шибеник.

Тошевски беше стрелец во рамките од 19. коло во Втората лига на Хрватска. Македонскиот фудбалер постигна гол во 88. минута во триумфот од 3:0 на Шибеник над Сесвете.

Ќе потсетиме во јануарскиот преоден рок Тошевски стави потпис на договор со австрискиот Клагенфурт кој веднаш го испрати на позајмица во Шибеник кој се бори за место во најсилната хрватска лига.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот