Даскаловски нов тренер на МЗТ Скопје 2

фото: КК МЗТ Скопје Аеродром

Поранешниот тренер на Карпош Соколи, и професор при катедрата за кошарка на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје (ФФОСЗ) од денеска е тренер на вториот тим на МЗТ Скопје УНИ Банка.

„Даскаловски доаѓа на местото на Горан Крстевски, творецот на плејада кошаркари кои „жареа и палеа” на младинската сцена во последните години, а кој, во договор со управата на клубот, ќе се врати во работата со најталентираните во нашата младинска школа и тоа во селекцијата за играчи до 16 години“ соопшти МЗТ.

Борче Даскаловски е поранешен играч на Вардар, Балкан Стил, Пелистер и Фени индустри, додека како тренер има работено во Вардар и во Карпош Соколи, каде што прво беше асистент во стручниот штаб, а потоа и главен тренер.
Минатата сезона беше дел од стручниот штаб на Астана, каде тренер е Емил Рајковиќ.

МЗТ Скопје УНИ Банка и следната сезона ќе биде дел од Првата лига, во која ќе влезе со амбиции за опстанок во елитата, заедно со паралелно создавање квалитетни млади кошаркари кои потоа би биле прекомандувани во првиот состав на „сините” од Аеродром.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот