Дарко Велковски/EPA/Marko Djurica

Дарко Велковски се враќа во Вардар, пристигнува и српско крило

Вардар во текот на денешниот ден треба да ја комплетира работата околу две нови имиња во ростерот. Дарко Велковски повторно ќе го облече црвено-црниот дрес, а нов член на тимот ќе стане и српскиот крилен фудбалер Стефан Цветковиќ.

Од таборот на најтрофејниот македонски клуб информираат дека договорите со двајцата фудбалери се веќе договорени и дека формализацијата на соработката се очекува во текот на денот.

Искусниот Велковски се враќа во Скопје како слободен агент, откако ја прекина соработката со Зрињски од Босна и Херцеговина. За Вардар настапуваше во периодот од 2015 до 2018 година, по што кариерата ја продолжи надвор од Македонија, играјќи за Ријека, Ал-Етифак, Динамо Букурешт, Ниреѓихаза и последно за Зрињски.

Покрај него, црвено-црниот дрес ќе го облече и 28-годишниот Стефан Цветковиќ, кој пристигнува од српскиот прволигаш Железничар Панчево. Станува збор за офанзивец кој дејствува по левата страна и важи за фудбалер со добри технички карактеристики.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот