Дарко Паскоски го извади светиот крст од водите на реката Црн Дрим во Струга

Фото: МИА

Четириесет и тригодишниот Дарко Паскоски од Струга беше најсреќен меѓу големиот број верници што денеска скокнаа во студените води на реката Црн Дрим и го извади светиот крст.

Паскоски, кој традиционално секоја година скока во осветените води на Црн Дрим, по четврти пат го вади светиот крст.

– Секоја година за Богојавление скокам по крстот во светите води на реката Црн Дрим. Четврти пат го фаќам и сакам традицијата да продолжи и крстот да влезе во секој дом, истакна Паскоски.

Очекува светиот крст да му донесе среќа и да го освети неговиот дом, како што било и претходните години, кога секое фаќање на крстот носело нешто убаво во неговото семејство.

– Очекувам да донесе среќа, да го освети домот. Да се помолиме сите за здравје и спасение. Секоја година си носеше по нешто убаво. Се надевам така ќе биде и годинава, нагласи среќниот фаќач на светиот крст.

Тој беше даруван со пригодни подароци од црквата, кумот на манифестацијата и спонзори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот