Водици во Скопје/ Фото: Матоди Здравев

Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар на централната манифестација во Скопје

Дваесет и четиригодишниот Дарко Митровиќ од општина Центар го извади светиот крст од водите на Вардар во рамки на централната манифестација за одбележување на празникот Водици во Скопје, што се одржа кај мостот „Слобода“.

Митровиќ беше најсреќниот меѓу 160 пријавени мажи и една девојка за фаќање на крстот што во водите на Вардар го положи поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архипископот г. г. Стефан.

Манифестацијата почна со богослужба во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ од каде и се упатија богојавленските литии на локацијата за централното одбележување.

Инаку денеска празникот се одбележа со фрлање на светиот крст на повеќе локации низ градот, во Ѓорче Петров, Бутел и Гази Баба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот