Данска ги укинува скоро сите ограничувања

Ноќните клубови и дискотеки се единствениот исклучок, според одлуката што ја поддржаа повеќето пратеници на синоќешниот состанок.
Данската Влада ги укинува скоро сите ограничувања воведени против Ковид-19, а повеќето установи од петок ќе можат да отворат, јави ДПА.
Ноќните клубови и дискотеки се единствениот исклучок, според одлуката што ја поддржаа повеќето пратеници на синоќешниот состанок.
Сепак, Данците мора да продолжат да одржуваат физичко растојание, и на многу места луѓето ќе мора да покажат доказ дека биле вакцинирани, имаат негативен тест на вирусот или ја прележале болеста.
Данска претходно дозволи отворање на ресторани, барови, спортски сали и многу други објекти.
Повеќето дански ученици, исто така, се вратија во училишните клупи.
Универзитетските студенти исто така ќе можат повторно да присуствуваат на часови со физичко присуство, а ноќните часови и музичките училишта исто така ќе можат нормално да работат.
Ќе се отворат и сауните, базените и затворените делови од зоолошки градини и забавни паркови, кои се затворени со месеци.
Луѓето исто така можат да учествуваат и во други активности за спорт и рекреација.
Работењето од далечина треба да се намалат во три фази, така што сите граѓани ќе се вратат на работа до 1 август.
На собири ќе можат да присуствуваат 50 луѓе за настани во затворено, и од 75 до 100 лица за настани на отворено.
По укинувањето на рестриктивните мерки во Данска малку се зголеми бројот на новозаразени, но вкупните цифри остануваат релативно стабилни.