ВИДЕО | Дали Бајден заспа на состанокот со Бенет?

Средба на Бајден и Бенет/ Фото EPA-EFE/Sarahbeth Maney / POOL

На социјалните мрежи излегоа снимки од Американскиот претседател Џо Бајден, кој наводно задремал на средбата со премиер на Израел, Нафтали Бенет во Белата куќа.

Средбата Бајден – Бенет се одржа пред два дена, од која се очекува да се намалат тензиите помеѓу САД и Израел настанати за време на мандатите на поранашниот американски претседател Доналд Трамп и поранешниот израелски премиер Бенјамин Нетанјаху.

На снимката објавена на социјалните медиуми се гледа како Бајден спие додека Бенет зборува за иднината на односите помеѓу двете држави. Но, не се знае дали снимките се вистинити или лажни.

Но дали Бајден навистина заспа?

Секако дека не, во САД некои од граѓаните кои не се фанови на актуелниот претседател, него го нарекуваат „Заспаниот Џо“. На снимката, може да се види дека иако очите на Бајден се затворени, неговите прсти се мрдаат.

Американците веќе почнаа да се исмејуваат на социјалните мрежи, и покрај тоа што се докажа дека видеото е лажно.

Без разлика на видеото, средбата на Бајден со израелскиот премиер беше многу успешна. Тие разговараа за состојбите во Иран, Авганистан и Газа.

Минатата година претседателот Бајден се соочи со слични вакви обвинувања, кога во медиумите се говореше дека тој заспал за време на друг состанок, пренесува Ројтерс.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот