Дали вашата е на листата? Објавени 50 најчести лозинки за оваа година
Лозинките кои лесно се запомнуваат се погодни, но нивните потенцијални негативни страни може да бидат поразителни. Слаба и предвидлива лозинка лесно се пробива. Хакерите може да користат софтвер кој ги погодува најчестите лозинки, а други слободно достапни алатки на темната мрежа (скриен дел од интернетот познат по криминални активности) може да ги прочешлаат вашите профили на социјалните мрежи за да бараат важни имиња и датуми кои најверојатно ќе се појавуваат во вашата лозинка.
Препорачано
Дури и ако вашата лозинка е долга и силна, повторното користење на истата е лоша идеја. Ако компанијата доживее прекршување на податоците – што се случува почесто отколку што може да сфатите – сајбер-криминалците нема да имаат пристап само до една од вашите сметки; тие ќе можат да пристапат до многу.
Во текот на изминатите пет години, 123456 беше рангирана како најчеста лозинка во светот. Па, за да избегнете хакерски напад, избегнувајте ги овие типови кодови. Повеќето разбираат колку е важно да се избере силна лозинка, а ако знаете што прво ќе се обидат да внесат хакерите како лозинка, тогаш тоа треба да се избегнува по секоја цена. Најчеста лозинка е 123456, според „Норд секјурити“, компанија која произведува производи за сајбер безбедност, пишува „Ридерс дајџест“.
„Во текот на изминатите пет години, 123456 беше рангирана како најчеста лозинка во светот“, вели Гедиминас Бренциус, менаџер за производи во „Норд пас“.
Во случај да ви треба уште малку мотивација да ги промените вашите лозинки, размислете за овој факт – според Бренциус, 70 отсто од лозинките на најновата листа со лозинки на „Норд пас“ може да се пробијат за помалку од секунда.
Најновата листа на лозинки ги рангира овие како најчести во светот:
– 123456
– admin
– 12345678
– 123456789
– 1234
– 12345
– password
– 123
– Aa123456
– 1234567890
– 1234567
– 123123
– 111111
– Password
– 12345678910
– 000000
– admin123
– 1111
– P@ssw0rd
– root
– 654321
– qwerty
– Pass@123
– 112233
– 102030
– ubnt
– abc123
– Aa@123456
– abcd1234
– 1q2w3e4r
– 123321
– qwertyuiop
– 87654321
– 987654321
– Eliska81
– 123123123
– 11223344
– 0987654321
– demo
– 12341234
– qwerty123
– Admin@123
– 1q2w3e4r5t
– 11111111
– pass
– Demo@123
– azerty
– admintelecom
– Admin
– 123meklozed


