Дали убиецот на коронавирусот лежи на дното на Јадранското Море? Германски научници со неверојатни резултати

Profimedia

Додека целиот свет е во потрага по лек и вакцина за спас од коронавирусот, научници од Германија истражуваат дали лекот се крие на дното на Јадранско Mоре.

Златниот сунѓер расте на морското дно на Јадранското Море, а го има најмногу на црногорското крајбрежје. Научниците од Бергакадемија Фрајберг ја проучуваат неговата неверојатна способност да се одбрани од бактерии и вируси, вклучително и РНК вируси како што е SARS Cov-2.

Profimedia

Експертите од Бергакадемија заедно со фармаколозите од Универзитетот „Дрезден“ во црногорскиот дел од Јадранот имаат 100 квадрати резервоари во кои го одгледуваат и проучуваат златниот сунѓер.

Тие најмногу се занимаваат со отпорноста на сунѓерот на сите биолошки причинители на болеста, како што се бактериите, вирусите или микробите.

Проф. д-р Херман Ерлих од Бергакадемија објаснува дека сунѓерот не смее да биде премногу пребирлив во однос на храната, туку зема што му носи водата. Но водата му носи и вируси и бактерии кои тој ги убива без никакви проблеми, иако нема имунолошки систем. Дури и кога ќе се повреди, овој сунѓер спречува вирусите или бактериите да продрат во неговата отворена рана, затоа што предизвикува хемиска реакција при која настануваат хемиски изменети аминокиселини бромтиросини.

Кристалите имаат можен антивирален ефект/ Фото: Hermann Ehrlich

Досега, научниците успеале да дефинираат 35 бромтиросини кои уништуваат туѓи тела што се обидуваат да продрат во сунѓерот, буквално сите вируси и бактерии. Покрај тоа, бромтиросинот го спречува создавањето на протеините, а со тоа и ширењето на РНК вирусите, како што е и SARS Cov-2.

Германските научници долго време го проучуваат златниот сунѓер, а имале намера да го користат за борба против туморите. Веќе се спроведени клинички студии кои покажале дека бромтиросинот не е штетен за клетката нападната од ракот.

Тие исто така успеале и да ја претворат супстанцијата од сунѓерот во кристална форма и имаат веќе доволно за клиничките студии. Како што додале, изолирани се околу 10 грама, кои ќе бидат достапни за лабораториски испитувања во врска со новиот коронавирус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот