Дали се сеќавате на лудата вечер во Барселона, два корнери и два гола во продолжението за титула на Јунајтед (ВИДЕО)

EPA/ANDREU DALMAU

На денешен ден 26. мај 1999 година, се одигра финалето во Лигата на шампионите во кое Манчестер јунајтед со неверојатен пресврт го совлада Баерн Минхен.

Гледачите на „Камп Ноу“ беа сведоци на еден од најневеројатните пресврти во Лигата на шампионите, Манчестер јунајтед до 91. минута губеше со 0:1 но на крајот успеа да ја освои титулата.

twitter/United Update

Баерн Минхен поведе уште во шестата минута со голот на Марио Баслер од слободен удар. Во продолжението на средбата баварците ја контролираа играта и имаа неколку одлични шанси преку Карстен Јанкер и Мемет Шол за да ја зголемат предноста но мрежата на Петер Шмајхел не се затресе.

И кога сите мислеа дека се е готово и Баерн ќе го крене шампионскиот пехар, во 91. минута беше досуден корнер за Јунајтед. Топката ја уфрли Бекам, таа од Гигс се одби до Теди Шерингем кој успеа да го совлада Оливер Кан и да го израмни резултатот.

Примениот гол ги шокира фудбалерите на Баерн но веќе во следниот напад на „црвените ѓаволи“ тие беа „уништени“. Повторно беше досуден корнер за Манчестер јунајтед и повторно Бекам го изведе, но овој пат Шерингем ја додаде топката до Оле Гунар Солскјер кој го совлада Кан што значеше триумф во Лигата на шампионите.

twitter/MUFC Scoop

За Манчестер јунајтед настапија: Шмајхел, Невил, Ирвин, Јонсен, Стам, Бат, Бекам, Гигс, Бломквист (Шерингем од 67. минута), Кол (Солскјер од 81.), Јорк.

За Баерн Минхен настапија: Кан, Матеус (Финк од 80.), Бабел, Куфур, Линке, Тарнат, Ефенберг, Јеремис, Баслер (Салихамиџиќ од 87.), Циклер (Шол од 71), Јанкер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот