Дали по изгубениот судски спор кариерата на Џони Деп во Холивуд е готова?

профимедиа

Популарниот актер неодамна изгуби во судскиот спор против британскиот таблоид „Сан“ за клевета во текстот од новинарот Вотон од 2018 година, во кој тој го нарече актерот „тепач на жени“. Првата последица на изгубениот судски спор беше отказ, а добрите познавачи на состојбите во Холивуд велат дека кариерата на Џони е завршена.

Студиото „Ворнер Брос“ ја прекина соработката со 57-годишниот актер Џони Деп. Тоа е само едно од нештата за кои актерот пишуваше на својот инстаграм-профил.

Прво сакам да им се заблагодарам на сите кои ми дадоа поддршка и ми беа лојални. Добив многу пораки со љубов и загриженост, особено последниве неколку денови, кои длабоко ме трогнаа. Второ, сакам да ви соопштам дека „Ворнер Брос“ ме замоли да ја напуштам улогата на Гринделволд во „Чудесни ѕверки“ и јас се сложив со тоа. На крај, сакам да го кажам следното – бизарната одлука на британскиот суд нема да ја смени мојата борба да ја докажам вистината и потврдувам дека планирам да се жалам на пресудата. Останувам цврсто на својата одлука да докажам дека обвинувањата за мене се лажни. Мојот живот и кариера нема да бидат дефинирани од тој настан. Ви благодарам што одвоивте време да ја прочитате мојата изјава“, напиша Деп.

Џони Деп со Ванеса Паради/Profimedia

Од студото „Ворнер Брос“ му заблагодарија на Џони Деп за неговата работа и изјавија дека ќе бараат нов актер за улогата на Гринделволд, иако продукцијата веќе започна. Поради тоа можно е некои делови од филмот повторно да се снимаат.

Ненадејниот отказ очигледно е последица на тоа што Џони Деп изгуби во спорот против списанието „Сан“ поради текстот во кој беше наречен „тепач на жени“. Актерот го чека уште едно судење во САД, но следната година. Имено тој ја тужеше сопругата Амбер Херд за текстот во „Вашингтон пост“ каде таа го обвинува за семејно насилство. Уште една последица на изгубениот спор со „Сан“ е тоа што е можно американскиот суд да го земе предвид кога ќе одлучува во случајот против Амбер.

Џони Деп со Амбер Херд/Profimedia

Но, добрите познавачи на ситуациите во Холивуд сметаат дека во моментов иднината на славниот актер е многу лоша. Марк Боровски, познат адвокат чии клиенти се славни личности, вели дека единствена надеж за Деп е тоа дека верните обожаватели нема да го напуштат.

Неговата кариера е уништена. Холивуд никогаш не сака да ризикува кога е во прашање заработувачка, особено со филмови кои се франшизи. Губењето на судскиот спор воопшто не му оди во прилог на Џони, бидејќи од сега тој ќе биде запаметен како насилник. Во интервјуата секогаш ќе го прашуваат за тоа. Ова ќе ја одбележи неговата кариера и тешко ќе биде да се врати меѓу најбараните актери – вели адвокатот и додава дека сепак верува дека за Деп ќе има работа но во мали, независни продукции надвор од Холивуд.

Фотографии од датотеката на Амбер кои станаа вирални, на кои наводно прикажува како физички ја злоставувал Џони Деп

Можеби нема да го гледаме во блокбсатери, но тој сè уште има голема база верни обожаватели – заклучува тој.

Адвокатот Марк Стивенс смета дека ова е пресвртница во кариерата на еден од најбараните холивудски актери.

Деп сега е непожелен во Холивуд. Засекогаш ќе остане обележан како насилник и зависник од алкохол и дроги. Тоа ќе го следи засекогаш – вели тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот