Дали носењето чорапи во кревет е клучот за незаборавен оргазам?

Фото: Pexels / Anna Nekrashevich

Можеби сте од оние што инсистираат да спијат боси, но истражувањата поврдуваат дека носењето чорапи во кревет има свои придобивки кога станува збор за жешките активности под чаршафот. Да, очигледно клучот за успешен оргазам започнува во вашите ножни прсти, пишува „Мај импрфект лајф“.

Паровите секогаш бараат начини како побрзо да стигнат до незаборавен оргазам и сакаат да го доживеат поексплозивно, иако сексолозите инсистираат на тоа дека оргазмот секогаш не создава или прекинува интимно искуство. Но, доколку барате посилна сензација во интимните моменти, сè што ви треба е пар чорапи.

Според истражувачите од Универзитетот во Гронинген во Холандија, носењето чорапи во кревет може многу да му помогне на вашиот сексуален живот. Сè е во циркулацијата. Ако ги одржувате прстите топли додека дремете, протокот на крв нема да се намали, па ќе бидете спремни за доживување на одличен оргазам.

Според студијата, 80 отсто од паровите кои носеле чорапи во кревет можеле да постигнат поинтензивен оргазам во споредба со 50 отсто од паровите кои се мачеле, бидејќи не носеле чорапи. Истражувачите велат дека температурата е едноставен фактор кој може да направи голема разлика, па затоа не треба да се занемари.

„Тоа ќе помогне да ја регулирате температура во стапалата, како и да се релаксираат крвните садови кои се стеснуваат кога ви е ладно“, вели Шарлот Џонсон, експерт за секс.

Носењето на чорапи ја зголемува циркулацијата на крвта, а тоа игра улога во зголемувањето на веројатноста и интензивноста на оргазмот.

Затоа, не заборавајте да ги облечете чорапите пред спиење, не само за удобност, туку и за задоволство кога станува збор за незаборавни моменти во вашата спална соба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот