Идната кралица на Холандија може да се венча со жена, но дали ќе ја задржи круната?

Истополните бракови во Холандија се легализирани уште во 2001 година, но отсекогаш се претпоставувало дека тоа не важи за круната – бидејќи секој престол мора да добие наследник. Меѓутоа, премиерот Марк Руте ја разреши дилемата – што би било кога првороденото дете на кралското семејство се одлучи за партнер од истиот пол.

Холандскиот премиер Марк Руте јасно ставил до знаење дека со лице од истиот пол може да се венча не само секој граѓанин, туку и секоја крал или кралица, пишува Би-би-си.

Руте нагласил дека станува збор само за „теоретска ситуација“,но дека би било можно следната кралица да склопи брак со жена.

– Поради тоа кабинетот не гледа дека престолонаследникот или кралот би требало да абдицира ако сака да стапи во брак со партнер од истиот пол – објаснил Руте, одговарајќи на пишаното прашање кое пристигнало токму од неговата партија.

Холандскиот престол од кралот Вилем-Александер ќе го преземе најстарата од неговите три ќерки, принцезата Катарина Амалија, која во декември ќе наврши 18 години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Koninklijk Huis (@koninklijkhuis)

Со оглед на тоа дека иднината на принцезата Амалија е под лупа на јавноста, една книга во текот на летото го покренала прашањето што би можело да се случи ако престолонаследничката одлучи да стапи во брак со лице од истиот пол.

Руте сега одговараше на пратенички прашања по повод неодамна објавената книга „Амалија, должноста повикува“, во која се наведува дека, според старите закони, холандски монарх не може да биде во истополов брак, иако тој е легализиран во Холандија во 2001 година.

Тоа прашање навело двајца пратеници од либералната партија на Марк Руте да се запрашаат дали моменталните ограничување на кралскиот брак се во склад со „нормите и вредностите од 2021 година“.

Иако кабинетот јасно ставил до знаење дека истополниот брак е можен, тоа што и понатаму не јасно е – што би се случило со наследството во случај во тој брак да има и деца (посвоени или зачнати со помош на донор на сперма).

– Многу е комплицирано – опишал Руте, со оглед на тоа дека холандскиот устав наведува дека кралот или кралицата може да го наследи само „законски потомок“.

Премиерот рекол дека целата оваа приказна во моментов е само теоретска, но дека за тоа ќе се дебатира во парламентот кој мора да даде одобрение за кралскиот брак.

– Да го поминеме тој мост ако дојдеме до него – порачал холандскиот премиер.

Меѓутоа, кралските венчавки мора да бидат одобрени од семејството, а членовите на кралската куќа понекогаш се откажувале од својот ред за наследување, со цел да стапат во брак со некого без дозвола, или затоа што мислеле дека нема да добијат одобрение за брак.

Holandska princeza „može da se venča sa osobom istog pola": Premijer stao na stranu zakona, ali o svemu odlučuje porodica

Фото: Профимедиа

Држави во Европа каде истополовиот брак е легален:

*земји каде и други партнерства се легални
**земји каде се уште не започнало спроведувањето на склучување истополови бракови

1. Австрија (од 2019 година)
2. Белгија (од 2004 година)
3. Данска (од 2012 година)
4. Финска (од 2017 година)
5. Франција (од 2013 година)
6. Германија (од 2017 година)
7. Исланд (од 2010 година)
8. Ирска (од 2015 година)
9. Луксембург (од 2015 година)
10. Малта* (од 2017 година)
11. Холандија (од 2001 година)
12. Норвешка (од 2009 година)
13. Португалија* (од 2010 година)
14. Шпанија* (од 2005 година)
15. Шведска (од 2009 година)
16. Велика Британија (од 2020 година)
17. Швајцарија** (ќе започе од 2022 година)
Држави во Европа каде се признати истополови заедници:
1. Хрватска (од 2014 година)
2. Словенија (од 2006 година)
3. Црна Гора (од 2021 година)
4. Кипар (од 2015 година)
5. Грција (од 2015 година)
6. Германија (од 2017 година)
7. Унгарија (од 2009 година)
8. Италија (од 2016 година)
9. Лихтенштајн (од 2011 година)
10. Монако (од 2020 година)
11. Чешка (од 2006 година)
12. Андора (од 2005 година)

Држави во Европа каде истополовиот брак е не е признат:

*делумно призната држава

1. Северна Македонија
2. Албанија
3. Босна и Херцеговина
4. Романија
5. Турција
6. Казахстан
7. Азербеџан
8. Косово*
9. Ватикан

Држави во Европа каде истопол
овиот брак е забранет со устав:

** признати други граѓански партнерства

1. Ерменија (од 2015 година)
2. Белорусија (од 1994 година)
3. Бугарија (од 1991 година)
4. Хрватска** (од 2013 година)
5. Грузија (од 2018 година)
6. Латвија (од 2006 година)
7. Унгарија** (од 2009 година)
8. Литванија (од 1992 година)
9. Молдавија (од 1994 година)
10. Црна Гора** (од 2007 година)
11. Русија (од 2020 година)
12. Србија (од 2006 година)
11. Словачка (од 2014 година)
12. Украина (од 1996 година)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот