Дали ја знаете својата крвна група? Некои се поподложни на крвни згрутчувања, мозочен удар или на срцеви болести

Profimedia
Фото: Профимедиа

Стручњаците објавија како одредени крвни групи по прашање на одредени болести се поризични од другите, утврдувајќи ја на тој начин важноста од познавањето на сопствената крвна група – А, Б, АБ или нулта.

Крвни згрутчувања – АБ, А и Б
Научниците утврдиле дека одредени крвни групи по генетска предиспозиција се повеќе склони кон развој на крвни згрутчувања во нозете. Таквите згрутчувања може да дојдат до белите дробови и на тој начин да станат животозагрозувачки. Крвните групи кои се малку поризични се АБ, А и Б, а тие се покажале за 40 отсто поризични од крвната група нулта, најчестата крвна група.

Болести на срцето – А, Б и АБ
Зголемениот ризик од болести на срцето, но и пократок животен век е почест кај лицата со крвна група А, Б и АБ, отколку кај оние кои имаат крвна група нулта.

Рак на желудник – А и АБ
До пред извесно време било познато дека луѓето со крвна група А се со зголемен ризик од појава на рак на желудникот, а новата студија покажала дека истиот ризик го имаат и лицата кои се носители на крвната група АБ.

Намалена плодност – нулта група
Поради поголемата количина на хормонот ФСХ, жените со нулта крвна група имаат немалена плодност, односно намалена резерва на јајце-клетки.

Крвната група не влијае на самата бременост, туку влијае на позитивниот или негативниот предзнак. Жените кои имаат ист Рх-фактор (РХ-антиген) како и детето, бременоста не треба да претставува проблем, но ако мајката има негативна крвна група, а детето позитивна, мајчиното тело може да создаде антитела кои ќе се борат против крвта на детето.
Сепак, тоа нема да го нарушува здравјето на детето, но може да влијае на идните бремености.

Деменција и губење на помнењето – АБ
За 82 отсто, луѓето со крвна група АБ, се поризични за развој на когнитивни болести. Таквите резултати се појаснуваат со зголеменото ниво на одредениот фактор кој се наоѓа во оваа крвна група, а кој помага при згрутчување на крвта.

Мозочен удар – А, Б и АБ
За крвната група нулта постојат помали шанси за развој на кардиоваскуларните болести, како и на мозочниот удар.
Иако сѐ уште се обидуваат да утврдат која е точната причина за тоа, се сомневаат на бројноста на факторите кај нулта крвната група кои претходно биле поврзани со мозочниот удар и згрутчувањето на крвта.

Убоди од комарци – нулта крвна група
Истражувањата утврдиле дека луѓето со нулта крвна група им се попривлечни на комарците, отколку оние со крвна група А. Крвната група Б се нашла во некоја средина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот