Дали Германецот ќе биде обвинет за исчезнувањето на малата Медлин? Адвокатот тврди дека нема „конкретни докази“

Мала е веројатноста дека ќе биде покренато обвинение против Кристијан Брукнер, главниот осомничен за исчезнувањето на малата Медлин Мекен, рекол неговиот адвокат.

Пресврт во случајот стар 13 години: Германските обвинители тврдат дека малата Медлин е мртва (ВИДЕО)

Германската полиција минатата година го именуваше осудениот педофил Брукнер (44) како мажот кој е одговорен за нејзиното киднапирање и убиство.

Обвинителот во случајот на убиството на малата Медлин се огласи: Девојчето е киднапирано, силувано и потоа убиено

Меѓутоа, иако со месеци инсистираа дека тој е нивниот главен фокус, Германецот се уште не е обвинет, а очајните родители на девојчето, Кејт и Гери се прашуваат дали некогаш ќе се открие што се случило, пренесува Сан.

Португалската полиција пребарува бунари: Се сомневаат дека педофилот Брукнер таму ја фрлил Медлин Мекен

– Мојот клиент не е обвинет за ништо. Тој е под истрага и сомневање. Морам да претпоставам дека немаат никакви конкретни докази. Мислам дека тоа е типично за нас Германците, рекол неговиот адвокат Фридрих Фулшер во новиот документарец за случајот со девојчето.

„Свињите јадат и човечко месо“: Осомничениот за киднапирање на малата Медлин наводно им рекол на пријателите дека е мртва (ФОТО)

Минатиот јуни, обвинителите во Германија рекоа дека имаат „конкретни докази“ дека Медлин е мртва и наведоа дека Кристијан Брукнер е главен осомничен, но ништо повеќе не објавија за случајот.

Медлин Мекен исчезна во 2007 година, додека со својата фамилија беше на одмор во Португалија.

Германскиот обвинител ја смени приказната: Постои можност Медлин да е уште жива

Хрват од Германија открива: Девојката која ја злоставувал убиецот на Медлин е Албанка од Македонија

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот