Португалската полиција пребарува бунари: Се сомневаат дека педофилот Брукнер таму ја фрлил Медлин Мекен
43- годишниот Германец е поврзан со друг случај на исчезнување од одморалиштетот Силвес во истиот регион.
По 13 години агонија полицијата во Португалија би можела да стави точка на грабнувањето на малата Медлин Мекен, која исчезна во мај 2007 година, додека беше на летување со своите родители во таа земја.
Препорачано
>Се верува дека Кристијан Брукнер, главноосомничениот за нејзиното исчезнување и можно убиство, телото на девојчето го фрлил во еден стар резервоар за вода или стара канализациона шахта кои се наоѓаат само неколку километри од Праја да Луз, летувалиштето каде девојчето е последен пат видено.

Во потрага по телото полицијата веќе провери неколку бунари, објавува Дејли Мејл. Меѓутоа, потрагата продолжува, а извор упатен во истрагата вели дека ќе бидат прочешлани најмалку уште дваесетина бунари на тоа подрачје и дека полицијата се надева дека ќе ги пронајде остатоците од исчезнатото девојче.
За секое поместување во истрагата португалската полиција ги известува колегите во Британија, кои потоа ги известуваат родителите кои ниту 13 години од трагедијата не се откажаа од потрагата по ќерката.

„Кејт и Гери и натаму се надеваат дека ќе ја пронајдат жива својата ќерка. Британската полиција и натаму случајот го води како киднапирање, а не како убиство и тоа им дава надеж дека детето и натаму е живо“, рече Кларенс Мичел, поранешен портпарол на семејството Мекен.
Полицијата наскоро би требало да го прочешла третиот бунар кој се наоѓа недалеку од комплексот каде девојчето летувало со семејството. Наводно на сите локации кои се предмет на истрага видено е комбето кое Кристијан го користел во време на киднапирањето.
Во потрагата, како што наведуваат медиумите, учествуваат и специјални тимови на пожарникари и нуркачи кои би требало да го прегледаат секое делче од напуштените бунари но и канали и резервоари за вода.
Португалската телевизија РТП објави дека детективите откриле „суштински доказ“ кој ќе покаже дека осомничениот, осудуваниот педофил Кристијан Брукнер, е одговорен за исчезнувањето на девојчето.

Исто така е наведено дека 43- годишниот Германец е поврзан со друг случај на исчезнување од одморалиштетот Силвес во истиот регион.
Минатата недела е објавено дека Брукнер бил уапсен под сомнение дека непристојно им се покажувал на деца на игралиштето близу Праја да Луз во 2017 година, додека бегал од германските власти. Португалската полиција се уште официјално не се огласи по тие наводи.


